|
Смачено ви е од актуелниот студ? БЕСТ - Борд на Европски Студенти по Технологија реши да ви подари малку топлина во овие зимски денови. Што ако знаете дека за една поинаква пролет е потребна само желба за патување, учење, дружење...?
БЕСТ ви нуди единствена можност да посетите некој од европските градови (Париз, Москва, Милано, Хелсинки, Прага, Лисабон...), да минете незаборавни мигови во забава и дружење, а притоа и да присуствувате на предавања на одредена тема кои ги држат професори од универзитетот – домаќин.
|
|
Повеќе...
|
|
|
Компанијата Мерцедес-Бенз не запира и со ист ентузијазам како пред 125 години цели кон се поголемо подобрување на автомобилите се со намера за задоволување на разните потреби на современиот возач.
Оваа година се навршуваат 125 години исполнети со иновации во полето на автомобилската индустрија и дизајн. Но со желба да го иницира развивањето на оваа гранка и во нашата држава со инспирирање на младите иноватори да работат во таа насока, Мерцедес Бенц Македонија распишува конкурс за изработка на дизајн студија за изгледот на возилото на иднината.
|
|
Повеќе...
|
На 27ми септември (вторник) во амфитеатарот на ФЕИТ во 20:00 часот ќе има редовен состанок за нови членови на БЕСТ Скопје. На овај состанок ќе има кратка презентација за работата на БЕСТ Скопје, нашиот летен академски курс и презентации за другите курсеви во тековната година. Секако по состанокот одиме на кафе / пиво =) Сya |
|
БЕСТ Скопје се подготвува за овогодишниот летен  курс кој носи наслов "Лидерство во технолошките иновации". 22 партиципанти од цела Европа и 20 од Македонија ќе присуствуваат на предавања од професори од Машинскиот и Економскиот факултет од Скопје. Исто така ќе се натпреваруваат на одреден case study и ќе имаат и посети на компании.
Предавањата од курсот ќе ги вклучат следниве теми:
Leadership through innovation.
The importance of innovations Measuring innovation New product development To lead or to be lead Contemporary leadership Leader characteristics Case study on leadership Case study on innovation
По полагањето на испитот, студентите ќе се здобијат со диплома за успешно посетен курс, како и можност за да добијат кредити на Универзитетите каде што студираат и работат по Европскиот кредит трансфер систем.
|
|
Повеќе...
|
|
LEC (Local Engineering Competition) е инженерски натпревар организиран од страна на локалната БЕСТ група Скопје. Ќе се одржува во Факултетот за електротехника и информациски технологии - Скопје на 28ми и 29ти Април. Право на учество имаат сите студенти од Универзитетот св. Кирил и Методиј. Па затоа прифатете го предизвикот и освојте вредна награда! =)
http://www.best.org.mk/lec11/ |
|
|
|
|
|
|
Страница 1 од 2 |