Курсеви

Банер
EBEC 2012
image-ebecЕвропскиот БЕСТ Инженерски Натпревар, во организација на БЕСТ Скопје оваа година ќе се одржи по трети пат од 9-ти до 11-ти мај. Студентите ќе се натпреваруваат во три категории: Team Design, Case Study и IT Competition. Свеченото отварање ќе се одржи во амфитеатарот на ФЕИТ/МФС, во среда (09.05.2012) со почеток во 10 часот. Автонова Цитроен Скопје ќе одржи кратка презентација, по што официјално почнува првиот ден од натпреваварувањето во категоријата Case Study. За сите дополнителни информации околу аплицирањето и распоредот на натпреварот може да ја посетите веб страната www.ebec.best.org.mk
 
JobFair 2012

jf2012БЕСТ Скопје со задоволство Ви го претстатува 8миот по ред саем за вработување и кариера JobFair, што ќе се одржува во холот на Факултетот за електротехника и информациски технологии од 9ти до 11ти април 2012 година.

Свеченото отварање ќе биде на 9ти април, а на 10ти и 11ти април во холот на факултетот ќе бидат поставени штандови каде што студентите ќе имаат можност да стапат во директен контакт со своите работодавци, како и да го остават своето CV.

Постои и можност за електронско оставање на Вашето CV, а тоа можете да го направите овде. Распоредот на настанот можете да го најдете овде.

www.jobfair.org.mk

 
Летни Академски Курсеви 2012

Уште еден текст за Европа... Уште еден текст колку е многу феноменално да се шета (ко да не знаевме), да се освојува секој хоризонт, запознава нови луѓе, да се иде на семинари (нели требало да ни пишува нешто на CV- то), па сме требале да бидеме конструктивни, а не, како минатото лето да ни биде жал што го потрошивме на каучот молејќи се во име на климата и светото море....

Повеќе...
 
Помогнете ни да го подобриме БЕСТ

Ова истражување има цел да ги дознае мислењата на студентите во врска со студирањето во Европа и нивната идна кариера. Со пополнување на анкетата ќе ни помогнете да ги подобриме нашите активности кои ги организираме за студентите ширум Европа. Ви благодариме за одвоеното време.

Линк кон анкетата

 
Пролетни Академски Курсеви

Смачено ви е од актуелниот студ? БЕСТ - Борд на Европски Студенти по Технологија реши да ви подари малку топлина во овие зимски денови. Што ако знаете дека за една поинаква пролет е потребна само желба за патување, учење, дружење...?

БЕСТ ви нуди единствена можност да посетите некој од европските градови (Париз, Москва, Милано, Хелсинки, Прага, Лисабон...), да минете незаборавни мигови во забава и дружење, а притоа и да присуствувате на предавања на одредена  тема кои ги држат професори од универзитетот – домаќин.

Повеќе...
 
« ПочетокПред123СледноКрај »

Страница 1 од 3
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Кој е тука?

Има 3 гости присутни

Хостирано од

Банер

БЕСТ Календар

loader

Mercedes-Benz

Банер

Студент FM 92.9

Банер

Следете не на




Покренато од BEST.