БЕСТ (Борд на Европски Студенти по Технологија) е непрофитна организација водена од студенти. Таа е формирана како одговор на потребата за организација која ќе ја поттикнува комуникацијата, соработката и размената помеѓу студентите на техничките факултети во Европа.

 

Валидација за летна сезона на БЕСТ курсеви

26.03.2008, 14:59:20

Валидација ќе може да се направи во следните термини:

  • 27.03.2008 18:00-20:00 (барака 5, ФЕИТ)
  • 28.03.2008 12:00-12:30 (барака 5, ФЕИТ)

Секако, ќе бидат истакнати и дополнителни термини, а документи може да се донесат и на било кој од редовните состаноци овој и следниот вторник (25.03.2008 и 1.04.2008) на Градежен факултет, просторија 228 од 20:00.

Документи потребни за валидација:

  • копија од прва страна во индекс
  • копија од последниот запишан семестар во индекс
  • копија од оценката англиски во индекс (или копија од било кој друг документ кој потврдува дека знаете англиски јазик: диплома од курс, свидетелство од средно и сл.)
  • индекс на увид

 

Честито нови алумни!

25.03.2008, 15:00:00

Здраво драги девојки и момци,

Од вчера на нашето почитувано семејство АЛУМНИ му се придружија уште двa нови члена:

  • Влатко Кузманов - Кузо
  • Јасна Давидовиќ - Џас

Нивната задача во понатамошното членување во алумни семејството ќе се состои во непреспиени ноќи седејќи во кафана и задолжително јадење чорба во раните утрински часови.
Покрај ова задолжение, ќе треба да го споделат долгогодишното искуство во БЕСТ со помладите (неалумни) членови.

Фала Ви дечки за се што направивте до сега и го заслуживте статусот алумни!!!

 

БЕСТ Скопје - среќен роденден!!!

9.03.2008, 15:52:34

БЕСТ Скопје ве кани на заедничка прослава на 6тиот роденден на БЕСТ Скопје!

  • Каде: клуб Papaya
  • Кога: четврток, 13 март :: 22ч

Влезот е бесплатен, а ќе има и попуст на пијалоци! Ве очекуваме (со вашите пријатели, секако), заедно да се забавуваме!

 

JobFair 2008

25.01.2008, 2:07:28
Job Fair е саем за вработување и кариера којшто БЕСТ Скопје го организира по четврт пат. Оваа година за прв пат саемот ќе го организираме на две локации: во просториите на Машински факултет и Факултетот за електротехника и информациски технологии (поранешен Електротехнички факултет) и во просториите на Грaдежен факултет и Архитектонски факултет.

Саемот ќе започне на 17 март со свечено отворање и презентација на истражување спроведено помеѓу компаниите, професорите и студентите. Во наредните четири дена во просториите на факултетите (18-21 на ФЕИТ и МФС, 20-21 на ГФ и АФ) ќе бидат поставени штандови каде што судентите ќе можат непосредно да контактираат со претставниците од компаниите.

Web-сајтот за JobFair '08 може да го посетите на следниот линк:

Причината за организирање на овој настан е недоволната поврзаност на студентите со компаните, и на компаниите со универзитетите. Сакаме да им покажеме на студентите дека не треба да се однесуваат пасивно во барањето квалитетно работно место исто како што компаниите не треба да се однесуваат пасивно во однос на факултетските образовни програми. Овие три субјекти се во заедничка спрега и треба да си помагаат еден на друг.

 

БЕСТ алумни семејството се зголемува!

18.01.2008, 12:41:39

...за уште два члена:

  • Валентина Ивановска - Тинче
  • Горан Трајановски - Црна

„Народните херои“ Црна и Тинче придонесоа во многу успешни проекти на БЕСТ - Скопје, и заслужено се стекнаа со статусот - алумни!

Честитки до нив!

 

Среќни празници!

28.12.2007, 18:50:41

БЕСТ Скопје Ви ја честита Новата 2008, со желби за многу здравје, среќа, забави и секако - многу патувања!

Во изминативе 365 дена БЕСТ Скопје остави зад себе многу успешни настани - а со тоа: многу дружење, забава но и многу измотивирани БЕСТовци што ќе продолжат да го водат БЕСТ во годината што следи.

Нека БЕСТ расположението биде со вас! :)

 

Статистика за пролетна сезона

23.12.2007, 12:49:45

Крајниот рок за аплицирање на од курсевите ширум Европа за пролетната сезона помина. На нив аплицирале 38 студенти од Македонија со вкупно 77 апликации, од кој најголем број, односно 13 се за курсот во Љубљана: My name is house. Smart house.

Инаку, на интернационално ниво се наоѓаме на 15 место според бројот на апликации и бројот на студенти кој аплицирале, додека први на листата се Милано.

Резултатите ќе се знаат на 15 јануари 2008, па многу среќа на оние кои аплицирале!

 

Оваа пролет со БЕСТ низ Европа!

19.12.2007, 3:24:40

Во тек е аплицирањето за пролетните бесплатни БЕСТ академски курсеви ширум Европа.
Краен рок е 22 декември (сабота) па не ja испуштајте можноста да бидете примени на некој од нив.
Валидација на вашите апликации може да направите во канцеларијата на БЕСТ и тоа во следниве термини:

* 18 декември (вторник), 12:00-13:00ч.
* 19 декември (среда), 13:00-14:00ч.
* 20 декември (четврток), 13:00-14:00ч.

или на редовниот состанок на БЕСТ (Градежен факултет, просторија 228):

* 18 декември (вторник), 20 часот.

Подетални информации како се аплицира на БЕСТ курсевите.

Среќно!

 

Пракса со P&G Чешка :: презентации и работилници

1.12.2007, 21:11:06

** Update:

Во договор со претставниците од P&G закажана е една сесија плус за сите заинтересирани кои не беа во можност да присуствуваат на целата програма. Таму ќе можете повеќе да се информирате околу можностите за пракси и вработувања во P&G како и околу постапката за аплицирање.

Отворената дискусија ќе биде во „клуб Гуштеров“ од 13:00. Можете слободно да пренесете на своите колеги.

Сакаме да ве известиме дека на 4ти и 5ти декември (вторник-среда) ќе
се одржат презентации и работилници (case studies) за Procter & Gamble
(www.myPGcareer.com). На 4ти ќе има два термина за презентации: од
8:00 и од 12:00 часот, во „Клуб Гуштеров" на Технолошко металуршкиот
факултет, а заинтересираните ќе продолжат со работилници и тестирања
следниот ден.

Активностите се наменети за сите апсолвенти и студенти од 3та година
па нагоре и доаѓаат од следните факултети: Факултет за електротехника
и информациски технологии, машински факултет и технолошко-металуршки факултет. Доколку сте од друг факултет, но имате желба за работа во P&G, слободно може да се пријавите и да учествувате. Единствен предуслов е познавањето на англискиот јазик.

Целта на овие активности е да се одберат кандидати за пракса во фабриката на P&G во Ракона, Чешка. За повеќе информации околу самата понуда може да добиете од презентацијата:

Procter&Gamble (P&G) е најголем произведувач на добра за широка потрошувачка присутен во повеќе од 160 земји низ целиот свет и има повеќе од 130 000 вработени. Фабриката на P&G во Ракона е 4та по големина фабрика на P&G во целиот свет и има постојана потреба од нов стручен кадар.

Сите заинтересирани што сакаат сигурно да учествуваат на презентациите и работилниците треба да се пријават на career@BEST.org.mk најдоцна до 30.11 (петок) со следните податоци:

* Име и презиме;
* Насока на студии;
* Година на студии;
* Контакт телефон;

На 1ви декември ќе добиете одговор во која група се наоѓате. Доколку имате некои прашања, слободно пишете на career@BEST.org.mk.

 

Културна размена

27.11.2007, 10:24:22

За прв пат во својата историја БЕСТ Скопје организира културна размена. Тоа е малку поинаков настан од оние коишто досега ги организиравме: идејата е да се искусат од прва рака културата и начинот на живот помеѓу студентите.

Конкретно, културната размена ја организираме во соработка со локалната БЕСТ група од Рим (на универзитетот Tor Vergata). Нивните студенти ќе не посетат во периодот од 7ми до 13ти декември, а ние ќе ги посетиме во Рим од 8ми до 16ти мај.

Ова е инзвонредна можност за запознавање на младите од Европа со богатството на македонската култура, традиција и гостопримливоста на македонскиот народ. Покрај дружењето и забавата, студентите од двете БЕСТ групи ќе направат и пренос на знаење, главно во врска со настаните кои ги организира БЕСТ (летни курсеви, саеми за вработување - JobFair итн.)